Пожар во манастирот Прохор Пчински
27.01.2014 12:43
| KumanovoNews
Пожар утринава зафатил еден објект во манастирот Прохор Пчински, кој се наоѓа во Србија на границата со Македонија .

Според првичните информации кои ги пренесуваат српските медиуми, пожарот се појавил во 10.30 часое во источниот дел на еден од конаците, а потоа се проширил. При тоа изгорела и кровната конструкција. Противпожарни екипи се на терен и го гаснат пожарот да не се прошири на останатите простории и манастирот.
Манастирот е подигнат во 11 век, а во него на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ каде се удрени темелите на македонската државотворност.