×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожар во Ваксинце, огнот се движи кон складот на Макпетрол

    05.09.2023 19:49 | Оливера Пешевска

     Попладнево во 18.30 часот по трет пат се разгори пожарот во селото Ваксинце, Општина Липково, кај Месноста Врело. Таму се наоѓаат резервоарите за гориво на Макпетрол.

    Пожар во Ваксинце, огнот се движи кон складот на Макпетрол

    „Денес во раните утрински часови, повторно таму каде што беше претходно пресечен се запали. Брзо и професионално од страна на ТППЕ Куманово е дејствувано и изгаснато до 12 часот. Во 18.30 часот по трет пат е  запалено и во овој момент правецот на пожарот се движи кон складот за течно гориво на Макпетрол“, соопштуваат од ЦУК.

    Екипите на ТППЕ Куманово се повторно на терен во с. Ваксинце и се борат за да спречат загрозување на објектите, животот и здравјето на жителите.

    Овој дел гореше и пред десетина дена кога екипите на ТППЕ Куманово го изгасија и не дозволија негово проширување.