×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожарникарите минатата година имале 351 интервенција, најмногу гаснеле намерно подметнати пожари

    12.02.2021 10:03 | KumanovoNews

    Територијалната противпожарна единица(ТППЕ) во Куманово во 2020 година имала вкупно 351 интервенции.

    Пожарникарите минатата година имале 351 интервенција, најмногу гаснеле намерно подметнати пожари

    Најголем дел биле пожари на отворен простор во 127 случаи, 102 интервенции на запалени објекти, во сообрајани незгоди 20 пати и под останато се водат 102 интервенции.

    Според различни начини на потекло, намерно предизвикани пожари имало 191 пат, од невнимание се случиле 138 поажри, детската игра била причина само 3 пати, по природен пат настанале само 8 пожари, а 11 настани се водат како неутврдени.

    „Од пожарите кои се случиле во објекти, највеќе се издвојуваат станбените згради, каде вработените во единицата реагирале вкупно 78 пати. Потоа следуваат угостителски објекти, трансформатори за струја, бараки и шупи. Работа на стрништа и пасишта имало 26, односно 96 пати, а дивите депонии во Куманово биле гаснати дури 65 пати“, - соопштуваат од ТППЕ.

    Во делот од сообраќајот, 16 пати било интервенирано за патничко моторно возило, а 4 пати кај товарните возила.

    Како последица од пожар загинале 4 лица, а со лесни повреди се здобиле 7 луѓе.

    Скоро сите, односно 350 интервенции биле на неосигурани објекти, а само еднаш станувало збор за државна сопственост која била со осигурување.

    Од ТППЕ Куманово посочија дека имало намалување на пожарите во споредба со 2019 година и изразија благодарност до граѓаните за соработката. Се надеваат на уште поголемо подобрување на условите во кои работат, за полесно справување со пожарите.

    (Д.Давитковски)