Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пожарот во селото Дренак, Општина Старо Нагоричане, се шири кон соседните села Аљинце, Жељувино и Дејловце, информираат припадници на полицијата кои се на терен.
Поради непристапниот терен гаснењето со возила е невозможно, па вработени во Шумско стопанство, Противпожарната единица на Старо Нагоричене и МВР, пожарот го гаснат рачно.
„Утринава во акцијата беа вклучени српските хеликоптери и пожарот беше ставен контрола, но ветрот што почна да дува повторно го разгоре. Состојабата е алармантна, бидејќи ние од оваа страна немаме пристап до пожарот. Ја следиме состојбата за да ги евакуираме жителите на Аљинце и околните села ако пожарот се доближи до куќите“, велат од полицијата.
И в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, посочи дека состојбата во Општината Старо Нагоричане, околу селото Дренак е најсериозна во целата држава.
„Состојбата се менува од час во час, но ние ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси, и верувам доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, вели Ангелов.