×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пoжарот во Брест наближува до куќите, противпожарните авиони се на сервис

    07.07.2021 13:28 | KumanovoNews

    Веќе шестти ден беснее шумски пожар на непристапен терен во липковското село Брест, на македонско-косовската граница, и се заканува да се прошири на куќите во селото, бидејќи вработените од ЈП Македонски шуми немаат капацитет да го стават под контрола, а трите противпожарните авиони „ер-трактор“ не можат да се приклучат во гаснењето затоа што се на сервис.

    Пoжарот во Брест наближува до куќите, противпожарните авиони се на сервис

    Директорот на Македонски шуми, подружница Куманово, Љуам Бајрами, вели дека уште првиот ден побарале поддршка од сите надлежни институции и Општина Липково, а поднеле и писмено барање за помош од „ер-тракторите“, но биле известени дека тие се сервисираат.

    „Откако ни беше одбиено барањето за вклучување на авионите, завчера и вчера успеавме да издејствуваме да се вклучи хелихоптер на АРМ кој земаше вода од езерото Глажња, ама немаше некои големи резултати, бидејќи запремнината на корпата е мала, а се работи за голема површина на пожар. Ветерот дополнително го разгорува огнот и го разнесува жарот. Пожарот се прошири и дојде на помалку од еден километар до селото. Ако итно не се преземе нешто и не се изгасне, ќе ги зафати куќите. Апелираме до надлежните да ни помогнат со луѓе, теренски возила, опрема. На терен се сите 30 вработени од нашата подружница и рачно го гаснеме пожарот со гранки и напртњачи, ни помагаат од противпожарната единица од Куманово, РЦУК Куманово и неколку мештани, но тоа не е доволно затоа што се работи за површина од околу 30 хектари на нискостеблеста шума, сува трева и грмушки“, вели Бајрами.

    Од Територијалната противпожарната единица во Куманово ни потврдија дека нивна екипа со една цистерна и неколку вработени се на гаснење на пожарот во Брест, но велат дека поради непристапниот терен возилото не може да отиде да крајната дестинација, па со водата од цистерната се полни опремата за гаснење.

    Од таму велат дека од почетокот на месецот имаат полни раце работа и оти за 7 дена се регистрирани 16 пожари на отворен простор, пред сè запалена сува трева, ниви со жито, стрништа, смет.

    „Во 90 отсто од случаите се работи за намерно палење од несовесни граѓани, па кога пожарот ќе излезе од контрола бараат да интервенираме“, вели командирот  Деан Илиевски.

    (С.Н.)