×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожарот во Кокино делумно локализиран, во Мургаш изгаснат

    03.08.2021 07:12 | Сузана Николиќ

     Пожарот во село Кокино, Општина Старо Нагоричане делумно е ставен под контрола, а еден дел од шумата се уште гори.

    Пожарот во Кокино делумно локализиран, во Мургаш изгаснат

    „Дел од пожарот е локализиран а кокинсиот дел се уште гори. Сите тимови се на терен но непристапниот терен ја отежува работата на екипите кои се ангажирани на изгасање на пожарот“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи(РЦУК).

    Активен пожар има во м.в. „Кокински дол“, но надлежните се плашат силниот ветар да не го разгори огнот на уште некое жариште.

    „Во моментот има еден активен пожар во дол помеѓу селата Кокино и Арбанашко, бидејќи се работи за непристапен терен, не може да се пристапи со возила, туку  само со луѓе.  Отежнителна околност е што дува силен ветер и го носи часот и огнот на сите страни. Ако се спуштиме долу постои опасност да се угушиме. За овој пожар е потребна воздушна поддршка“, изјави командирот Далибор Трајковски.

    Екипите на Противпожарната единица од Старо Нагоричане, заедно со пожарникари од Куманово, Скопје, Ранковце, Кавадарци, Битола, припадници на Шумското стопанство, припадници на Армијата, МВР и единицата ЕБР, ДЗСИ, и со помош на месното население, цела ноќ се бореа со огнената стихија. 

    Во пожарот изгоре 600 хектари квалитетна борова и дабова шума на потегот Малотино - Степанце - Кокино. Жителите на селото Кокино е евакуарани и изгореа неколку стари куќи.

    Во текот на вчерашниот ден во два наврати, предпладне и попладне, во ганењето на пожарот се вклучиле хеликоптери, но поради силниот ветер пожарот не е ставен под контрола.

    На терен со пожарникарите и мештаните ноќеска беше градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

    Екипите на Противпожарната единица Куманово, во текот на ноќтта го изгаснале пожарот во селото Мургаш, кој беснееше од вчера попладне.