Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комисијата за доделување награди и признанија при Советот на Општината Куманово, на денешната седница одлучи престижната Ноемвриска награда за 2011 година да ја додели на четири поединци и едно здружение.
Награди за поединечни заслуги и успех ќе бидат доделени на: Фадиљ Шабани директор на ЈП „Пазаришта„ од областа на менаџерството, Мимоза Андоновска лекар во Здравствениот дом од сверата на здравствената заштита, Љубиша Николиќ директор на гимназијата „Гоце Делчев„ за постигнати резултати во воспитно-образовната дејност и Момчило Антевски директор на средното училиште „Перо Наков„ за достигнувања во областа на спортот.
Наградата „11 Ноември„ за правни лица ја добива Фото кино клубот „Козјак 50„.
Комисијата за доделување на награди и признанија ја сочинуваат советниците: Александра Георгиевска претседател, Јовица Спасовски, Слаѓана Георгиевска, Зоран Петрушевски и Фериз Дервиши, членови.
Наградите на годинешниве добитници, ќе им бидат врачени на Свечената Седница што традиционално се одржува на Денот на ослободувањето на Куманово.