Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мартин Костовски и Љубиша Николиќ се кандидати за претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Двајцата ги поднеле своите програми до централното раководство до петок, кога завршил предвидениот рок за самокандидирање. Претседателот на партијата Зоран Заев ќе одлучи и ќе му даде мандат на еден од нив, да го води огранокот во наредните четири години. Мандатарот ќе добие можност сам да го состави извршниот одбор од 18 члена, а членовите на надзорниот одбор ќе се бираат на Конференција.
Партиски извори велат дека фаворит е Костовски, кој досега ја вршеше функцијата секретат на општинската организација. Тој е човек на градоначалникот Зоран Дамјановски и на младото крило во СДСМ.
Многумина се изненадени од кандидатурата на Николиќ, кој исто така нема голем стаж во партијата, но долги години е во врвот на партиското раководство како квалитетен кадар.
(фото архива)