×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Познати најдобрите есеи на “Корени”

    21.05.2012 09:07 | KumanovoNews

     Со изборот на најдобрите есеи од годинешниот интернационален конкурс за “Мартовски есеи” на списанието “Корени” се затвори кругот на ова значајна манифестација, која по седми пат ја организира кумановското списание.

    Познати најдобрите есеи на “Корени”

    Тема на овој конкурс беше “Рака кон другиот” и одyивот на авторите  беше  сосема задовилителен. Пријавените   шеесетина автори,  речиси од сите поранешни  југословенски простори и Бугарија доволно говорат дека ова активност на списанието “Корени” доби свои постојани приврзеници ширум балканот.

     Комисијата во состав Александар Прокопиев, Валентина Миронска Христовска и  Африм Реџепи, сите од Институтот за македонска литература од Скопје одлучувала за наградите.

    Во категорија на возрасни второнаградени се авторите Христо Петрески од Скопје за есејот “Кој -другиот” и Цонка Христова од Габрово, Република  Бугарија за есејот “Рака кон другиот-прошка или милостина”, третата награда ја поделија автори од Босна и Херцеговина и тоа Сувад Алагиќ од Брчко за есејот “Три албертове слике” и Анто Зирдум од Витез за есејот “ Енклизија и есклузија“.

    Петте признанија во категорија на млади есеисти ги добија авторите: Никола Тошиќ, Ангела Крстевска, Анастазија Стојковска, Христина Трајковиќ и Бисера Стојановиќ.

     Наградените есеи ќе бидат објавени во јунскиот-јубиларен број на списанието “Корени„ кое го одбележува своето десетгодишно постоење.