Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеничката Лидија Тасевска од Куманово, одликувана е со орденот витез на Националниот ред за заслуги на Франција од страна на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за нејзиниот значаен придонес во развојот на односите меѓу двете земји.
Орденот и го врачи амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, на свеченост која се одржа во Француската амбасада во Скопје.
Ова е второ одликување за Тасевска од Француската Република, првото било од 2010 година, што ги потврдува нејзините дводецениски заложби за соработка помеѓу Република Македонија и Француската Република.
Нејзиниот ангажман започнал во 1999 година како професор во билингвална паралелка во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“. Тасевска денес е активен франкофон во македонското Собрание и веќе три години учествува на конференции и собири за промоција и афирмација на франкофонијата.