×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пратеникот Костовски најави рекострукција на Градскиот стадион во Куманово

    22.05.2021 18:05 | KumanovoNews

    Не станува збор за утопија и обична 3Д презентација, работите можат да се движат во вистинска насока ако се има желба, волја и иницијативност, објави на својот Фејсбук профил пратеникот Мартин Костовски, најавувајќи реконструкција и доградба на Градскиот стадион во Куманово, кој сега се наоѓа во очајна состојба.

    Пратеникот Костовски најави рекострукција на Градскиот стадион во Куманово

    „Оваа е идејно решение за модерен фудбалски стадион со 3 трибини со капацитет од 5 илјади гледачи. После 20 години градски фудбалски стадион е вратен во сопственост на општина Куманово. Моментално се наоѓа во многу лоша состојба, општината во наредниот период ќе има можност да изврши реконструкција со дополнителна изградба на стадионот. Во Куманово се игра фудбал 100 години, заслужуваме како спортски град да се врати фудбалот на голема врата. Ако не веруваш во големи работи и успеси, нема да можеш да сработиш ништо во животот“, објави Костовски.

    Тој во објавата не наведува дали иницијатива ја покренува како пратеник и од каде ќе најде пари за реализација на проектот. Костовски последниот месец понуди видоа анимации и решенија за хотелите Кристал и Ку-ба и уредување на бањаскиот комплекс „Вруќа вода“. Во неговите јавни промоции за решавање на проблеми кои со децении се нерешливи, граѓаните препознаваат градоначалничка амбиција.

    (С.Н.)