×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пратеникот Петрушевски поднесе претставка до Судскиот совет против судијата Мемети

    16.11.2023 12:58 | Сузана Николиќ

    Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е осуден за клевета и навреда на негов колега во Собранието Мартин Костовски од СДСМ, денеска поднесе претставка до Судскиот совет против судијата Неџат Мемети од Основниот суд Куманово, кој ја донесе пресудата.

    Пратеникот Петрушевски поднесе претставка до Судскиот совет против судијата Мемети

    „Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите коишто ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница. Покрај тоа што не се уважува имунитетот на еден опозициски пратеник, сведоци сме и на осуда на новинари за критичка мисла. Сведоци сме на сериозен извештај со сериозни критики од ЕК токму во делот на правосудството, а сведоци сме на секојдневни пресуди кои што стигнуваат од Европскиот суд за човекови права за противправно постапување на македонските судови. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните “, рече Петрушевски.

    Тој побара преставката да биде сериозно разгледана, бидејќи на ваквите судии не им е место во македонското судство.
       

    Петрушевски е осуден да плати парична казна од 150 илјади денари, затоа што од собраниска говорница го навреди неговиот сограѓанин и политички опонент Костовки.