Предавање за пчелари за преселување на легла
03.12.2013 09:17
| KumanovoNews
Во клубот “Христијан Тодоровски - Карпош“, утре во 18 часот ќе се одржи предавање Александар Узунов од Земјоделски факултет, на тема “Уништување на крлежи со нови методи на преселување на легла“.

Оваа сезона пчеларското здружение “Пчела“ планира да организира 13 предавања со домашни и професори од Србија. Во март идната година кумановските пчелари ќе посетат фабрика во Крагуевац, Србија.