Предавање за превенција на дијабетична ретинопатија ќе одржи д-р Елизабета Спасиќ
12.05.2023 09:03
| Сузана Николиќ
Здружението на дијабетичари - Куманово во соработка со приватната болница "Систина" од Скопје, организира едукативна работилница на тема: „Превенција на дијабетична ретинопатија“.

Предавач ќе биде доктор Елизабета Спасиќ, спец. офталмолог и хирург од Систина.
Работилницата ќе се одржи вечерва, /петок/ со почеток во 19 часот во кружната сала на зградата на поранешен Комитет.
„На предавањето освен лицата членови на Здружението можат да присуствуваат и останати заинтересирани граѓани“, информираат од здружението на дијабетичари Куманово.