Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во организација на здружението за борба против рак „Борка - Езра“, утре во 14.30 часот во кружната сала на зградата на поранешен „Комитет“ во Куманово ќе се одржи едукативно предавања за превенција и рано откривање на малигните болести.
Свое излагање ќе има д-р. Мери Пешева, специјалист онколог, која ќе одговара на прашања и ќе дава совети на присутните.
„Дружењето е замислена како на кафе со својот доктор, каде што пациентите ќе добијат одговори на многу прашања, кои ги мачат. Ние веќе ги контактиравме нашите членки од Куманово да ни се придружат, но ги повикуваме онколошките пациенти и сите други граѓани, кои имаат потреба од совети да ни се придружат“, велат од здружението.
Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за превентивно делување и подобрување на квалитетот на животот на пациентите со малигни заболувања.
Здружението „Борка - Езра“ е карика помеѓу пациентите и институциите во борбата со малигните заболувања.