Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва /вторник/ во 19 часот предновогодишен концерт ќе оддржат солисти од хорот на Националната опера и балет од Скопје.
Настапуваат солистите Билјана Бајевска, Билјана Камчева –Божиновска, Надежда Рубен, Јаворка Витанова, Марија Наумовска – Бакревски, Нико Ѓоргиевски, Марко Димовски и Виктор Битовски, во пијано придружба на Елена Сиљаноска. На концертот ќе бидат изведувани популарни арии од најпознати опери, дел како соло точки и дуети.
Пред кумановската публика ќе бидат изведени дел од опусот на Џакомо Пучини,Жорж Бизе,Пјетро Маскањи,Петар И. Чајковски,Џузепе Верди,а вечерта ќе заврши со арија на Џорџ Гершвин од операта „Порги и бес“.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.Концертот е дел од редовната програма на Центарот за култура Куманово и е сегмент од предновогодишните активности на институцијата.