Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски организираше предновогодишна средба и свечен ручек за новинарите. Честитајќи им ги престојните празници, тој им посака успех во професијата и успешана соработка во наредната година.
Ги поздравувам сите претставници на медиумите кои го креираат јавното мислење во градот. Медиумите на локално ниво давате голем придонес во работата на локалната самоуправа, бидејќи се коректив во нашето работење. Тоа е значаен сегмент. Граѓаните повеќе интерес имаат за она што се случува на локално ниво, отколку за она што се случува во централата или во Владата на Република Македонија. Без добра медиумска анализа и аналитичко новинарство, кое ги наоѓа пропустите во јавната работа, нема напредок - се обрати на новинарите Дамјановски.
Тој рече дека во услови кога во земјава има режимско новинарство, кумановските новинари успеале да ја задржат објективноста.