×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Предвидуваме конкретни мерки со кои чевларската дејност постојано ќе се развива, кажа Димитровска

    08.10.2021 20:03 | Сузана Николиќ

    Кандидатката за градоначалничка на Куманово од ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска, денеска при обиколка на погон за производство на чевли потсети дека ЛДП беше првата партија во градот, која побара Куманово да се ребрендира како чевларски град.  

    Предвидуваме конкретни мерки со кои чевларската дејност постојано ќе се развива, кажа Димитровска

    „Јас како личност која доаѓа од чевларска фамилија, уште како дете го знам мирисот на кожата, но и звукот на машините на кои се изработуваат најдобрите чевли од Куманово. Затоа, несебично во програмата се предвидени конкретни мерки со кои чевларската дејност постојано ќе се развива, а не да изумира од ден во ден“, кажа Димитровска.

    Таа најави дека доколку ја добие поддршката на граѓабните на локалните избори, ќе иницира поставување на фигура-скулптура во форма на чевла на Занаeтчиски дом, која ќе даде уште поголемо значење на чевларството како една од најважните дејности во Куманово.

    „Ќе организираме Ден на занаетчии, ќе го поддржиме занетчискиот еснаф од Куманово. Ќе обезбедиме простор во Занаетчискиот дом каде занетчиите ќе изложат и ќе ги продаваат своите производи. Само на овој начин ќе се задржи автентичност на самата зграда која има своја историја. Ќе ги поддржиме малите и средни претпријатија со до 200.000 денари за купување на алати и опрема“, заврши Димитровска.