Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на место викано „Ливади“, вчера во 17.20 часот, патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(66) од Куманово, удрило во Б.М.(79) од Куманово.
По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во 23.30 часот починала.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.