Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Надежда Илиќ (76) од Куманово е најновата жртва на несовесните возачи, кои дивеат по кумановските улици и покрај сите повици на надлежните институции и петицијата на граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Старицата беше прегазена од такси возило „ауди„, кое со голема брзина се движело од населбата Којнаре кон градот , а во моментот бабичката ја преминувала улицата „Никола Тесла„ на дваесетина метри од нејзината куќа. Од задобиените повреди починала во кумановската болница.
Во 22.30 часот на нашето оддление е донесена повредена жена во многу тешка состојба, која на самиот влез во болницата премина, така да немавме можност да и помогнеме. Се работеше за тешки повреди на главата, кои беа фатални за пациентката- изјавија од хируршкото одделение на кумановската болница.
Синот на Надежда, Благоја раскажува дека мајка му се враќала од кај соседите кога налетало таксито.
Си била на кафе кај соседката од другата страна на улицата. Само што тргнала да помине налетало таксито и со голема брзина удрило во неа. Од ударот таа летнала и паднала на глава. Бастумот и беше на една страна, папучите на друга. Возачот кочел близу 40 метри пред да застане, што значи дека многу брзо возел. Улицата е осветлене и незнам како не ја видел. Веднаш дошла брза помош и ја однеле во болница, но и немало спас.- вели синот на Надежда, кој и самиот е таксист.
Телото е предадено на оддукција и истрагата ќе ги утвди причините за сообраќајката.