Прекинат железничкиот сообраќај кон Табановце
16.05.2014 13:53
| KumanovoNews
Железничкиот сообраќај кон граничниот премин Табановце е во прекин поради поплавите во соседна Србија.
Од Македонски железници Транспорт од Скопје информираат дека од денеска од утринските часови, транзитот кон и од железничка станица Табановце е во прекин поради поплавите во Република Србија, со исклучок на меѓународниот патнички воз кој ќе сообраќа на релација Солун - Ниш.