Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово, Стопанската комора ќе организира дисперзирани обуки за преквалификација на возрасни, доколку постои интерес кај граѓаните.
Сите заинтересирани можат да се пријават на интернет страната на оваа институција.
Возрасни ги сметаме сите лица над 18 години. Целта ни е да се прошириме низ Македонија, ќе биде опфатено и Куманово нормално ако се оформи група зависно од интересот. За кандидатите ќе биде полесно во својот град да следат обука, отколку да прават трошоци да доаѓаат во Скопје. Предвидени се 70 часа теорија и 200 часови пракса, а сертификатот кој ќе го добијат е признаен од Агенцијата за вработување - објаснува Борис Тримчев од Бизнис центар за тренинг и обука.
Тој вели дека кандидатите сами можат да ја покријат обуката или трошоците да бидат на терет на работодавецот доколку постои таква можност.
Со дисперзираните обуки граѓаните ќе се обучуваат за различни струки, а големи се шансите потоа да најдат и работа во компаниите каде ќе обавуваат пракса.