Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска премиерно ќе биде изведена детската претстава „Пиши му на Дедо Мраз“ во режија на Бојана Краљевска Стојков.
Се работи за новогодишна сценско – музички претстава за дечиња од 6 до 10 години, кои ќе ги кажат своите новогодишните желби на Дедо Мраз. Желбите се најголемата радост и најискрената потреба на детето.
Во претставата играат актерите од Кумановскиот театар: Сања Русеска, Владо Дојчиновски и Давид Илиќ. Текст и сонговите се на Зоран Зафировски, сценограф е Крсто Богојевски, костимите се на Дарко Илиевски.
Музички соработници се Александар Митрички, Никола Стојковски, Стефан Стојмановски, Ангела Ѓоргиевска.
Премиерата е во 17 часот, а првата реприза во 18.30 часот.
Следните изведби е во сабота на 23 декември од 17 и 18. 30 часот. Билетите се продаваат на билетара во Центар за култура.