×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на претставата „Ковачи“ утревечер во Центарот за култура

    02.09.2022 15:54 | KumanovoNews

    Претставата „Ковачи” во режија на Деан Дамјановски, работена по сценарио на бугарскиот автор Алек Попов, а во изведба на актерската екипа на Театар Куманово, утревечер премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово.

     

    Премиера на претставата „Ковачи“ утревечер во Центарот за култура

    Директорот Сашо Тодоровски вели дека претставата се подготвувала два месеци, станува збор за одлична комедија и извонредна актерска екипа, за која ќе се бара карта повеќе.

    Во претставата „Ковачи“ се испретплетува судирот помеѓу истокот и западот, борбата помеѓу големото и малото, матерјалното и традиционалното. Во мало гратче населението живее мирно и по свои правила, се додека во него не се доселува еден Балканец.

    „Станува збор за една, прилично апсурдна комедија. Дејствието се случува во Германија, во едно мало гратче – Оснабрик,  кое според авторот, за потребите на делото, е прогласено за најсреќен град во Германија. Она што е интересно во текстот и особено видливо во претставата е судир на тие две култури, западната, кон која сите стремиме и онај, наш балкански менталитет. Ова е интересен театарски производ, забавен пред се, во која мислам дека публиката ќе ужива“, изјави режисерот Дамјановски.

    Актерската екипа ја сочинуваат: Антонио Димитриевски и Кети Дончевска – Илиќ кои ги имаат главните улоги во претставата, а играат и Горан Илиќ, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ и Марко Трајковиќ.

    Според актерот Димитриевски претставата е битка на цивилизации, на источен и западен, за судир на малиот човек, малите народи, кои се безгласни букви и нивната вековна борба, стремеж кон зачувување на својот идентитет и нивните вредности да го добијат местото кое го имаат западните култури и големите народи.

     „Јас го играм ликот на Долф, кој што е претставник на лицето на германското општество, кој живее под стаклено ѕвоно во еден рај којшто е стерилизирана средина, дури и наликува на режирана стварност. Нема тага, нема радост, нема љубив, нема страст се до еден момент“, вели Димитриевски.

    Актерот Горан Илиќ во претставата е протестански свештеник, кој се бори против матерјализмот, но неможејќи успешно да се избори и тој се прикучива кон него, во еден момент дури и на вулгарен начин.

    „Скоро сите ние тоа го чувствуваме, судирот меѓу посебното и глобалното и нашата немоќ тоа да го пренебрегнеме. Ова е наша мала одмазда како ние гледаме на тој западен свет, на свет во кој во 21 век доминира задоволството што е ефтина замена за среќа. Но, ние сите наседнавме на тој материјализам“, потенцира Горан Илиќ.

    Младиот Жарко Јовановиќ игра два лика во претставата, улогата на водител на реално шоу и 27- годишниот Бруно, кој потекнува од германско семејство и ништо не работи.

    Дончевска - Илиќ истакна дека низ годините наназад кумановскиот театар има претстави кои публиката ги гледа по неколку пати, а утрешната премиера е токму тој тип на претстава.

    Сценографијата е на Филип Јовановски , а костимограф Елена Вангелова.

    Карти за премиерата можат да се купат на билетарата на Центарот за култура.

    О.Пешевска