×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиерот Ковачевски ја посети млекарницата „Бучен Козјак“

    22.12.2022 18:19 | Оливера Пешевска

    Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска беа во посета на млекарницата „Бучен Козјак“, во Куманово која успешно работи скоро 40 години. Таа е втора по капацитетот на млеко преработувачка индустрија и преработуваат по 50 тони сурово млеко на ден.

    Премиерот Ковачевски ја посети млекарницата „Бучен Козјак“

    „Тоа говори за еден успешен развоен модел, кој најскоро ќе и овозможи на компанијата освен на домашниот пазар своите производи да ги пласира и надвор од земјата, не само во регионот туку и пошироко. Млекарницата освен што користи финасиска помош за поврат на инвестициите, исто така аплицирала за субвенционирано снабдување со електрична енергија, мерка која очекувам наскоро да влијае и на стабилизирањето на цените на основните прехрамбени продукти. Бучен Козјак има инсталирано и фотоволтаични системи, за сопствено производство на електрична енергија и покрива 30% од потрошувачката од обновливи извори на енергија“, истакна премиерот Ковачевски.

     

    Министерот Николовски рече дека оваа 2022 година ќе биде запаметена како година во која комплетно ги исплативме заостанатите обврски кон земјоделците. „Подготвивме план и динамика со кој целосно ги исплативме над 20.000 сточари во вкупна вредност од 1,4 милијарди денари, кон одгледувачите на говеда, овци, пчели и кози.