×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Препукување Димитриевски - Груби: Kој барал помош од Будимпешта?

    09.09.2023 14:33 | Сузана Николиќ

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и вицепремиерот за политички систем и однос меѓу заедниците Артан Груби, два дена се обвинуваат во медиумите и на социјалните мрежи, кој побарал поддршката од Будимпешта, за измена на закон и за локалните избори.

    Препукување Димитриевски - Груби: Kој барал помош од Будимпешта?

    Прозивката ја почна Димитриевски, кој го повика Груби да каже како поминал во Будимпешта, откако беа изгласани измените во Кривичниот законик со кој се намалува казната за функционерите кои ќе бидат осудени за злоупотребат службената положба.

    „Јас имам само едно јасно и многу директно прашање, до господинот Артан Груби, само да објасни на јавноста и да каже како поминал во Будимпешта и да даде детали на што се должела посетата, доколку е точно?! Во оваа држава се прават многу непринципиелни разговори и многу непринципиелни коалиции", кажа Димитриевски.

    На ова реплицираше Груби, кој побара јавно извинување и рече дека никогаш не бил во Унгарија, но го праша Димитриевски дали од  Будимпешта ги добил гласовите за локалните избори.  
     
    „Дај кажи им на твоите дали  во Будимпешта договори ВМРО да ти ги даде гладовите на локалните избори на кои стана градоначалник на Куманово“, праша Груби. 

    Преписката продолжи и денеска кога Димитриевски, пак, сака да знае дали постоел договор помеѓу коалиционите партнери да се обратат во Будимпешта, заради обезбедување на пратеници кои ќе гласаат за уставните измени. 

    „Дали е точно дека е одржана средба меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ на која е одлучено да се побара помош од Будимпешта? Дали е точно дека на таа средба е одлучено лице за контакт со Будимпешта да биде г-динот Груби? Дали е точно дека за помошта од Будимпешта, побарано е закон за "амнестија" (актуелните измени на членовите во КЗ) и обезбедување на дополнителен број на пратеници за уставни измени“, прашува Димитриевски.