×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Преставата „Секс и лаги“ гостува во Струмичкиот театар

    02.03.2023 12:42 | Оливера Пешевска

    Кумановскиот театар со претставата „Секс и лаги“ во режија на Драгана Таневска утре ќе гостува во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица. 

    Преставата „Секс и лаги“ гостува во Струмичкиот театар

    Оваа комедија е работена според текстот „Секс и љубомора“ на Марк Камолети и е спој помеѓу интригата и моралот, вистината и лагата во која конфликтот на интереси произнесува чувства, реакции и односи кои ги прават ситуациите комични.

    „Поради голема гледаност и заинтересиреаност на публиката оваа ќе биде деветта реприза на претставата, која премиерно беше изведена на Фестивалот „Денови на комедија“ во 2022година. Претставата досега гостуваше во Штип, Кавадраци, Гевгелија, Крива Паланка на Фестивалот „Јоаким Осоговски“ и Неготино. Има добиено награда за најдобра претстава на Фестивалот „Денови на комедија“ минатата година“, изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура.

     Во претставата играат: Марко Трајковиќ,Анастасија Величковиќ,Жарко Јовановиќ,Нина Максимова,Александра Михајловска, Никица Јанковски.