Претрес во Куманово, пронајден кокаин
06.04.2023 22:36
| KumanovoNews
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово денеска лишиле од слобода 33-годишен кумановец.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.