Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицијата ги лиши од слобода А.С.(28) од с.Романовце, Д.Ц.(30) и Д.И.(29), двајцата од Куманово, поради постоeње основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволена трговија со дрога.
Денеска е извршен претрес во домот на А.С. во с.Романовце, при што во помошна просторија се пронајдени две торби со три големи полиетиленски пакувања, во кои има околу 15 килограми наркотична дрога марихуана. На лице место биле затекнати Д.Ц. и Д.И. кои, исто така, се лишени од слобода и по издадена судска наредба, извршени се претреси и во нивните домови.
Од страна на СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против две лица, поради постеоње основи на сомнение дека го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.