×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претреси во кумановско, запленети возила, детектори...

    04.03.2023 15:10 | Сузана Николиќ

    Врз основа на судска наредба, денеска полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во координација со претставници на Царинската управа и Инспекторатот за животна средина извршиле претрес во домовите на четири лица во с.Љубодраг, кумановско.

    Претреси во кумановско, запленети возила, детектори...

    „При претресот биле пронајдени три патнички моторни возила „лада нива“ без соодветна документација, три детектори за откривање на метали без поседување на одобрение од Управата за заштита на културното наследство, кои биле одземени, и три хаварисани патнички моторни возила со странска документација без платени царински давачки, што било констатирано од службени лица од Царинската управа. Исто така, при претресот, од страна на Инспекторатот за животна средина бил изготвен записник за констатирана состојба за управување со отпад“, соопшти МВР.

    По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.