×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претреси во Лојане и Ваксинце, приведени три лица

    20.09.2020 18:03 | KumanovoNews

    Во раните утрински часови од страна на Регионалниот центар за гранични работи Север, во содејство со Единицата за брзо распоредување и СВР Куманово, а по претходно издадена Наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во две куќи во селата Лојане и Ваксинце, поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

    Претреси во Лојане и Ваксинце, приведени три лица

    При извршен претрес во домот и помошните простории во сопственост на лицето Ќ.А.(66) во с.Ваксинце пронајдени се 10 лица мигранти од Бангладеш, поради што се приведени Ќ.А. и Ф.А.(27) од с. Ваксинце.

    Додека во с. Лојане, при претрес на домот и помошни простории во сопственост на А.А.(48) биле пронајдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан и две од Авганистан, меѓу кои 4 малолетни лица. Во врска со настанот приведено е лицето З.А.(53) од с.Лојане.

    Во текот на денешниот ден приведените лица ќе бидат изведени пред суд, а мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

    До Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, по чл. 418- б од Кривичниот законик на Македонија.