Претседателот на Советот со честитка за Свети Сава
27.01.2014 14:08
| KumanovoNews
Претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски на припадниците на српската етничка заедница им го честита празникот Свети Сава.
Во име на Советот на Општина Куманово и во свое лично име им го честитам празникот 27 јануари - Свети Сава со желба за добро здравје, просперитет и благосостојба во нашите домови - изјави Димитриевски.
Во градот денеска се оддржуваат повеќе активности по повод Свети Сава.