×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претседателот Пендаровски го посети центарот Една точка за услуги во Куманово

    29.05.2023 12:54 | Сузана Николиќ

    Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во општина Куманово, каде што присуствуваше на промоција на нови е-услуги во центарот Една точка за услуги (ЕТУ).

    Претседателот Пендаровски го посети центарот Една точка за услуги во Куманово

    На настанот беа промовирани услугите за издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварени плати и надоместоци – (уверение за стаж) и издавање на извод од компјутерски запис – образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување.

    Претседателот Пендаровски имаше можност да ги искористи услугите во центарот Една точка за услуги (ЕТУ), од каде што му издадоа уверение за стаж и М1/М2 образец. Претседателот порача дека овој проект, чија цел е да овозможи ефикасни, брзи и достапни услуги, ќе им го олесни животот на граѓаните и претставува исчекор кон создавање јавна администрација како вистински сервис на граѓаните.

    На промоцијата на новите е-услуги во центарот Една точка за услуги (ЕТУ) во Куманово присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

    Една точка за услуги (ЕТУ) е проект на Министерството за информатичко општество и администрација чија цел е да ги соедини сите државни институции и да го поедностави пристапот на граѓаните до институциите и услугите коишто ги нудат.