×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претседателот Пендаровски се сретна со актерите од „Бегалка“

    09.03.2023 16:16 | Сузана Николиќ

    Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово се сретна со актерите Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов и Илија Струмениковски, кои во 1971 година беа дел од актерската постава на култната претстава „Бегалка“ на Васил Иљоски.

    Претседателот Пендаровски се сретна со актерите од  „Бегалка“

    Повод за средбата е 95-годишнината од премиерната изведба на претставата која била одиграна во далечната 1928 година под името „Ленче Кумановче“, како драмско дело во 5 чина каде до израз доаѓаат тенденциите на Иљоски да ја прикаже посебноста и колоритноста на македонскиот јазик.

    Тројцата актери ги споделија со претседателот Пендаровски своите сеќавања од пред половина век кога тие ја изведувале оваа претстава во кумановскиот театар, со нивните актерски патешествија низ времето и го запознаа со најблескавите моменти од богатите актерски кариери.

    Претседателот Пендаровски, изразувајќи признание и почит за импресивниот животопис и повеќедеценискиот придонес на тројцата актери во театарската и филмската уметност, рече дека со нивната автентична изведба на ликовите на Ленче, Бошко и Петко во „Бегалка“ трајно се вградија во историјата на македонскиот театар и култура.