Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На малата сцена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде изведена претставата „Нера“ во режија на Ѓорѓи Ризески, по текст на Христо Христов.
Во претставата играат Марко Трајковиќ и Нина Деан. Премиерно беше изведена на 1 март во МКЦ Скопје, а за прв пат ќе се игра пред кумановската публика. Претставата е приказна за злото, но и за надежта исто така.
„Ова е приказна за политиката, поточно за грешките на политиката, грешките во владеењето со луѓето, за грешките на системот. Ова е приказна за рамнотежата во светот. Приказна за иднината и нашите деца. За она што се случило во минатото, и она што за жал ќе се случи и во иднина. Ова е мала претстава со голема порака, дозирано токму како треба“, стои во рецензијата за преставата.
Ова е личен проект на независна продукција на учесниците во претставата, финасиска подршка од некоја институција.
Како што вели Марко Трајковиќ : „Работена со многу мерак, но без пари“.