×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Превенција од насилство меѓу младите

    11.06.2010 14:24 | KumanovoNews

    Што да преземат надлежните институции и невладини организации во градот за да помогнат во спречување на насилството меѓу младите беше темата на  синоќешната трибина што ја организираше Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Пред присутните говореа претставнички од Собранието, Бирото за развој на образованието, СВР Куманово и невладиниот сектор кој работи на оваа проблематика.

    Превенција од насилство меѓу младите

    -Сметаме дека е потребно јавно да се проговори на оваа тема и зеднички со сите инволвирани фактори да помогнеме во намалувањето на насилството кај младата популација. Истотака ги слушнавме и размислувањата и идеате на граѓаните кои може да помогнат за спречување на оваа деструктивна појава - изјави пратеничката Дарка Петрушевска.

     Невладините организации работат на повеќе проекти со младите, пред се учениците, но и со родителите и професорите,заради надминување и решавање на конфликтите.

    Работилниците на темата ненасилна комуникација дадоа одредени резултати за намалување на наслиството  кај младите.Вечерва ги изнесовме нашите согледувања и анализи токму на оваа тема, на која треба да се обрне посебно внимание-вели Дивна Јанкова од невладината организација „Доверба“.

    На крајот на трибината беше отворена дискусија каде присутните поставуаа прашања за актуелната проблематика.