×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Превод и за новинарите на седниците на Совет

    21.01.2014 15:15 | KumanovoNews

    Новинарите кои ја следат работата на Советот на Општината Куманово, во иднина ќе можат да го следат преводот на седниците, откако се надминати техничките пречки кои беа присутни во изминатиот период.

    Превод и за новинарите на седниците на Совет

    Деновиве во салата за седниците, монтирани се доплонителни уреди за пренесување на симултаниот превод на македонски јазик и јазиците на малцинските зедници, кои ќе бидат достапни за потребите на новинарите.

    Техничкиот недостаток за следење на симултан превод на седниците за новинарите е отстранет. Како што сум информиран од службите за поддршка на советот, уредите се ставени во функција. Новинарите со слушалки ќе можат да ја следат седницата - вели Максим Димитриевски, претседател на Советот на Општина Куманово.

    Поради неадекватни просторни услови во салата за седници на Совет и немањето на уреди за пренесување на преводот, досега, главно, новинарите од македонските редакции немаа можност да ги разберат расправите на советниците од албанската националност. Поради тоа, известувачите, повеќепати реагираа до претседателот на Советот со барање за создавање на услови заради непречена работа.