Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените од Гимназија “Гоце Делчев“ од понеделник ќе посетат повеќе основни училишта, каде ќе ги презентираат можностите за запишување во билингвална македонско-француска паралелка.
Целта е да ги информираат основците дека се нуди можност за размени, усовршување на францускиот јазик, аплицирање за стипендии, запишување на франкофонски факултети и многу други предности.
“Ќе им објасниме дека можат да слушаат повеќе предмети на француски јазик, дека можат да се дружат со деца од Франција од училиштата со кои соработуваме. Ќе ги посетиме сите основни училишта каде се учи француски јазик. Последниве години има интерес, и лани запишавме 20 ученици во прва година во билингвална паралелка“ - вели Милена Денчевска, одговорна за билингвални паралелки во “Гоце Делчев“.
Во светот има 220 милиони франкофони, а 60 отсто од нив се млади до 30 години.