Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во градинката “Славејче“, денеска се презентирани обичаите од македонската, српската, албанската и ромската свадба.
Настанот го организираше Центарот за човекови права и разрешување конфликти од Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.
“Работевме со македонски и албански групи. Децата се запознаа со музиката, обичаите, носиите, значењето на адетите кои различни етникуми ги практикуваат за свадба. Најважно е децата да се запознаат со различностите, не само за свадба, туку воопшто различностите кон децата со посебни потреби, деца кои се од друга националност и слично„ - вели Виолета Стошевска, координатор на проектот.
Свадбарските обичаи ќе бидат презентирани и во другите објекти на градинката.