Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два пати неделно граѓаните ќе имаат можност да го пофалат или да се пожалат од работењето на кадарот во Општа болница Куманово кај директорот и главната сестра, информираат од Министерството за здравство.
Главната сестра во среда од 15 до 18 часот ќе ги прима странките, а во четврток истото ќе го стори и директорот на болницата во истиот термин. На средбите со граѓани покрај директорот и главната сестра ќе присуствува и администраторот задолжен за системот Мој термин.
Термините за примените денови јавно се истакати на влезот на Општа болница Куманово. Оваа новина Министерството за здравство ја воведува за да се избегнат јавувања на граѓани во министерството, а сите предлози, сугестии, поплаки на овој начин ќе ги пренесат до раководството на болницата.
Вакви приемни денови има во многу здравствени установи во Европа и светот.