×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пријавата за Димитриевски е поради незаконска исплата на додатоци на плата од 30 отсто на кандидати за инспектори, велат од МВР

    06.07.2023 16:04 | Сузана Николиќ

    Од Кумановската полиција потврдија дека денеска кај нив на информативен разговор бил повикан градоначалникот Максим Димитриевски, по насоки на Јавен обвинител од Куманово, а во врска со добиена анонимна пријава.

    Пријавата за Димитриевски е поради незаконска исплата на додатоци на плата од 30 отсто на кандидати за инспектори, велат од МВР

    „Во пријавата се наведува дека од страна на Секторот за финансии при Општина Куманово на вработените во Секторот за инспекција, незаконски им бил исплатен додаток на плата од 30 отстои тоа на кандидати за инспектори, кои не се стекнале со лиценца инспектор, а со тоа е оштетен буџетот на Општина Куманово. Потенцираме дека за сите наводи постои документација која на барање од СВР Куманово е доставена од страна на Одделението за човечки ресурси од Општина Куманово“, велат од Кумановската полиција.

    Димитриевски смета дека пријавата е класичен пример на злоупотреба од страна на поединци во МВР во партиско-политички цели, додека од СВР Куманово, пак, велат дека тие постапува согласно своите законски правила и прописи, без оглед на тоа за која институција и да станува збор.