×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пријавување за маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ до 28 април, повикот е отворен за сите заинтересирани

    19.04.2023 10:39 | Оливера Пешевска

    Сите заинтересирани за учество на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“, кој ќе се одржи на 6 мај на Градскиот плоштад , имаат можност да се пријават до 28. април во Фондацијата за култура и спорт.  Заинтересираните можат да учествуваат со групна или индивидуална маска.

    Пријавување за маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ до 28 април, повикот е отворен за сите заинтересирани

    Фондацијата за култура и спорт, организатор на манифестацијата, посочува дека маскенбалот “Батко Ѓорѓија” како манифестација е отворена за сите граѓани на Куманово и се охрабруваат што е можно поголем број групи, здруженија, училишта и поедници да се пријават и да учествуваат на овој интересен настан кој го носи предзнакот на еден од најуникатните карактери на кумановци.

    Бројката на учесници не е ограничена, но навременото пријавување е неопходно за обезбедување на сите логистички потреби околу организацијата.

    „Може да се пријават сите кои имаат идеја и желба да ја претстават маската пред јавноста. Бројката на оние кои ќе настапат ни е потребна за да направиме распоред за дефиле и презентација на најдобар можен начин на Градскиот плоштад“, вели Марио Арангеловски, ВД директор на Фондацијата.

    Пријавата треба да содржи име на маската (поединечна или групна),број на учесници (доколку станува збор за групна маска), краток опис за маската или порака која преку истата се испраќа (за најава), како и контакт (телефонски број и е-маил адреса).

    „Доколку сакаат учесниците можат да направат и кореографија при нивното претставување на маската. Очекуваме масовност на манифестациата, како и досега “, потенцираше Арангеловски.

    Организаторите очекуваат сите заедно ,и најмалечките и возрасните, да уживаат и да се радуваат на овој весел, разигран и интересен настан.