Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во касарната „Боро Менков“ утре со почеток во 9.30 часот, ќе се одржи свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Прв механизиран пешадиски баталјон од составот на Прва механизирана пешадиска бригада , воедно командант на касарната.
Должноста командант на касарна воедно командант на Прв механизиран пешадиски баталјон, од потполковник Али Хајро ќе ја прими потполковник Лулзим Нуредини кој досега извршуваше должност началник на секција во Прва механизирана пешадиска бригада во Петровец.
На крајот од воената церемонија ќе следува примопредавање на военото знаме на единицата со што ќе се изврши и официјално примопредавање на должноста, а потоа ќе следи воено дефиле на ешалоните од потчинетите единици на баталјонот.