×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приредба за гостите од Франција

    14.04.2014 09:55 | KumanovoNews

     Во Гимназија “Гоце Делчев„ денеска се оддржа приредба за гостите од  збратименото училиште од францускиот град Дулен.

    Приредба за гостите од Франција

    Гимназијалците читаа поезија на француски јазик, пееја француски шансони и изведоа драмски точки на истиот јазик.

    Организираме приредба со цел да се дружиме. Утревечер организираме Македонска вечер овде во гимназијата каде што ќе бидат презентирани традиционални македонски јадења. Гостите си заминуваат во среда наутро - вели Милена Денчевска, професор по француски јазик.

    Французите беа задоволни од срдечниот пречек и од она што деновиве го виделе во Куманово и во другите градови во Македонија.

     Тука сме од среда. Бевме во Скопје каде посетивме една црква, го видовме Охрид. Ние во Франција сме на училиште од понеделник до сабота, почнуваме во 8 часот и завршуваме со часови во 17.30 часот. Учиме шпански, германски, англиски јазик - објаснуваат учениците од Франција.

    Анжелик Лере, аташе од Францускиот институт во Скопје пред присутните истакна дека и во иднина ќе ги поддржуваат размените на ученици и професори бидејќи така се запознаваат културите и традициите на двете земји.