Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Приредба во чест на денешниот празник Свети Сава се оддржа во основното училиште “Вук Караџиќ„.
Учениците рецитираа песни, пееја и изведоа драмска точка на српски јазик.
За жал последниве неколку години немаме паралелки на српски јазик, но затоа формиравме оваа учебна година секција за изучување на српскиот јазик во која што членуваат ученици од македонска и српска националност. Со скромна приредба ќе го одбележиме празникот. Од формирањето на училиштето се одбележува Свети Сава - вели Надица Петровска, директор на ОУ “Вук Караџиќ“.
Таа пред присутните потсети дека во училиштето се негува српската традиција, култура и јазик и така ќе остане и во иднина.
На приредбата имаше родители, гости од Српската заедница, од невладини организации и други.