Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четириесетина ученици од oсновното училиште „11 Октомври“ во селото Речица, кои следат настава на српски јазик во состав на проектот на Културно-информативниот центaр Спона, со наставничката Нена Ристиќ Костовска, викендов одржаа пригодна приредба во чест на Св. Сава.
Легендарниот Стоил Томиќ основач на селото Речица кој далечната 1922. година се доселил од Стајевци кај Трговиште, може слободно да биде горд на своите наследници. Тие денеска живејат мошне сложно, ја чуваат традицијата и ја негуваат свеста за својата припадност, и го негуваат јазикот на своиет предци- изјави наставничката Ристиќ-Костовска.
Второто обележување на Савинден во Речица финансиски го помогна Здружението на жени Србинки од Скопје, кои донесоа подароци за дечињата.