Пристигна бугарската донација од 50 илјади вакцини „Фајзер“

17.09.2021 14:32 | Сузана Николиќ

Пристигнаа 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини донација од соседна Бугарија. Како што соопшти Минситертсвото за здравство, веднаш по пристигнувањето, 30.000 вакцини беа дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата, со цел да се обезбеди непречен процес на имунизација на населението.    

Пристигна бугарската донација од 50 илјади вакцини „Фајзер“

„Иако рокот на важност на вакцините е до 30. септември, со постоечката дневна динамика на вакцинација, донираните вакцини ќе бидат употребени далеку пред истекување на овој рок. Благодарност до Владата на Република Бугарија за оваа донација, која претставува гест на солидарност и уште една потврда за успешната соработка меѓу институциите на двете земји во справување со Ковид-кризата“, соопштуваат од Министерството.

Инаку, препорачана возраст за имунизација со вакцината „Фајзер-Бионтек“ е над 12 години.

Вакцинацијата во Македонија се одвива непречено, на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk