×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Притвор за очната докторка која примала поткуп и ја злоупотребила службата

    24.09.2021 10:52 | Сузана Николиќ

    Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против очната лекарка од Куманово Е.С.(51) поради постоење на основано сомневање дека ја злоупотребувала службената положба за примање поткуп.

     

    Притвор за очната докторка која примала поткуп и ја злоупотребила службата

    Според обвинителството таа 22.09.2021 како специјалист за очни болести, вработена во ЈЗУ „Општа болница Куманово“- Очно одделение во Куманово, со искористување на својата службена положба и овластување за себе прибавила корист и потешко ги повредила правата на друг. 

    „Осомничената директно побарала и примила корист за себе, парични средства, за да изврши службено дејствие што морало да се изврши. Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12.000,00 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ пред да бидат извршени операциите, оштетените и го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата“, стои во соопштението на Обвинителството.

     Судот на осомничената и определи мерка притвор во траење од осум дена. ​