×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Синот што го уби татка си имал ментални проблеми

    16.01.2023 12:55 | Сузана Николиќ

    Б.Ј.(40) од Куманово, кој минатата недела со убод од нож го усмрти неговиот татко С.Ј.(65), имал ментални проблеми и пред 12 години се лекувал на психијатриската клиника во Скопје. 

    Синот што го уби татка си имал ментални проблеми

    Истражен судија од предходна постапка од Основниот суд Куманово во петокот му одреди 30-дневен притвор на Б.Ј., откако  по итна постапка беше сослушан од јавен обвинител во Основното јавно обвинителството во Куманово.

    „Истрагата е завршена, прибрани се сите докази и предадени се на вештачење.  Б.Ј. имал психичко растројство и пред 12 години се лекувал во психијатриската болница.  Додека татко му спиел тој го пробол со нож во пределот на вратот, кој задобиените повреди починал. Телото е предадено на обдукција“, велат од ОЈО Куманово.  

    Полициски службеници од СВР Куманово, на 12. јануари околу 16.00 часот, го привеле Б.Ј. (40) од Куманово затоа што во семејната куќа во кумановската населба „Иго Тричковиќ“ со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите.