Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Истражен судија од Основниот суд Куманово му одреди притвор од траење од 30 дена на А.А.(37) од Куманово, кој пукаше во М.З.(27) во месноста викана Менкова колиба.
Тој ќе одговара за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ при семејно насилство и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Крвавата драма се случила на 2 април годинава, кога А.А. ја грабнал девојката со која имал љубовна врска во центарот на градот и со автомобил ја однел на Менкова колиба. Таму се скарале и тој и пукал во неа. Со три куршими и нанел повреди во нозете, а потоа побегнал од местото на настанот. Девојката ја пронашол случаен минувач и го пријавил случајот во полиција.